Рина антибигор (ванила) 10л

Средство за отстранување на наслаги од бигор и ‘рѓа.

10л

Ефикасно ги отстранува нечистотиите, водениот каменец и непријатните мириси, оставајќи ја површината блескава и хигиенски чиста без оштетување.Безбедно за употреба на инокс, керамика и порцелан.Остава свеж и долготраен мирис.

Description

Средство за отстранување на наслаги од бигор и ‘рѓа

Упатство за употреба:

Средството се употребува за чистење на површини од инокс, славини, тоалети, керамика, керамички плочки, порцелан и пластика. За отстранување на бигор средството се нанесува на површината, се остава да делува и се плакне со вода.

Средството разредено може да се користи и за чистење на плочки и подови. Да не се употребува за чистење на површини од мермер, гранит и природен камен.

Внимание: Нагризува!

Предизвикува оштетување на кожата и очите. При употреба задолжително да се носат заштитни ракавици и заштитни очила.

Средството содржи фосфорна киселина, нејонски ПАМ парфем.

При употреба да не се меша со средства на база на хлор.

Ако дојде во допир со очите веднаш да се исплакне со големо количество вода и да се побара лекарска помош.

Во случај да се проголта, да се исплакне устата и да се испие големо количество вода и да се побара лекарска помош.

Да се чува подалеку од дофат на деца.

Содржина:

10л

pH: 0,5

Рок на траење: 24 месеци