Рина универзал 5л

Средство за чистење на сите видови површини

Description

Средство за чистење на сите видови површини. Средството се користи за чистење на керамика, скај, пластика, заштитени (лакирани) површини од дрво и метал, како на пример врати, прозори, ролетни, подови, мебел во кујна, керамички плочки, работни простории и автомобили.

Начин на употреба: Средството може да се користи разредено со вода во однос 1:10 доколку површината не е многу валкана, а за површини со засушени нечистотии средството може да се користи неразредено и не е потребно да се плакне со вода.

Состав: анјонски и нејонски ПАМ, ИПА, конзерванс, парфем.

Внимание: Да се чува подалеку од дофат на деца. При употреба да се носат заштитни ракавици. Лица со чувствителна кожа да одбегнуваат подолг контакт со средството. Во случај да дојде во допир со очите, веднаш да се измие со големо количество вода. Во случај да се проголта, веднаш да се побара лекарска помош (и да се покаже етикетата).

pH 8

Содржина: 5000 ml