Натриум Хипохлорит

НАТРИУМ ХИПОХЛОРИТ – е клучна хемикалија за одржување на базените попозната како течен хлор. Се користи за дезинфекција на водата и спречува размножување на бактерии .

Средство за дезинфекција на водата во базените

12 КГ

МК | Содржина: 10–12% активен хлор.

 

 

Description

Средство за дезинфекција на водата во базените

12 КГ

МК | Содржина: 10–12% активен хлор.

Дозирање: 50–100гр/м³ вода на 2–4 дена во зависност од видот на базенот (отворен, затворен, јавен, приватен), бројот на капачи и временските прилики и задолжително по врнежи од дожд.

ВНИМАНИЕ: НАГРИЗУВА!

Силно оксидирачко средство. Да се чува на темно и студено место подалеку од дофат на деца. Во допир со киселини ослободува отровен гас. Да не се меша со киселини. Штетно ако се проголта. Многу штетно за водниот свет. Да не се испушта во водени средини (реки, езера, мориња).

Во случај амбалажата да се повреди, да се подотвори капачето и повторно да се затвори. Во случај да дојде во допир со очите, веднаш да се измие со големо количество вода и да се побара лекарска помош. Во случај да дојде во допир со кожата, веднаш да се измие со големо количество вода. Во случај на незгода или истурање на машината, веднаш да се побара лекарска помош (ако е можно да се покаже етикетата или садот).

При употреба да се носат заштитни ракавици, заштитна облека и заштитни средства за очите и лицето. Празната амбалажа треба убаво да се исплакне со вода и да се отстрани на соодветно место согласно законските прописи. Потекло на суровините: ЕУ.

Контролирано од ЈЗУ Центар за јавно здравје Скопје.