Хидрос Дооел од Скопје постои и работи од 1991 година во областа на хемиската индустрија.
Фирмата се занимава со производство, увоз - извоз, трговија и услуги во хемиската индустрија и тоа:
• На полето на базна хемија;
• Наменска хемија;
• Хемиски третман и одржување на водата во базените;
• Средства за хигиена во домаќинството и индустријата, како и
• Продажба на разни други хемикалии според потребите и барањата на клиентите.
Производствениот погон на ХИДРОС се наоѓа во близина на Скопје, во населба Јурумлери, пред Полициската академија.
Хидрос постои на пазарот веќе 20 години.
Нашата мисија е производство според нови технологии и стандарди, постојано истражување на пазарот и задоволни потрошувачи.
Нашата визија е постојан раст и развој на компанијата, воведување на нови производи и проширување на нови пазари.